фотографира св. и несв.
фотографирање ср.

фотографира (св. и несв.)

Го позна ракописот. Тогаш требаше да се фотографирам со пликото в раце, мислеше сега.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Би ве молел да ми дозволите да напишам нешто за неа и да ја фотографирам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
4. Пропагандата е вештина ѓаволот да се фотографира без рогови и со две здрави нозе.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Една недела подоцна, полицијата го откри неговото тело прекриено со муви и го фотографира.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Големиот црвен кауч, оној кој ќе биде толку многу пати фотографиран следните години - оној црвениот, кој го искористивме во толку многу филмови - Били го најде токму пред “Y”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
По игра на случај, застанаа пред излогот на една книжарница во кој, меѓу другите книги, се наоѓаа и бројни трудови за разни врски меѓу науката и уметноста: Уметност и физика: Паралелни гледања на просторот, времето и светлината од Ленард Шлејн; Книжевноста во квантниот космос на Сузан Стрела; монографии со величествено сложените Манделброови фрактали, како компјутерски генерирани, така и фотографирани во нивните многу­бројни природни манифестирања; конечно, mirabile dictu, календар за следната година илустриран со Да Винчиевите цртежи на разбранувана вода.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Перформанс уметничката Sandra Bernhard се појавува како зајачица во Playboys, а Ann Magnuson се фотографира како „pin-up girl“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Пред катедралата седна на една клупа на топлото сонце и остана таму под блажената животворна топлина, со затворени очи, целосен странец на сѐ околу себе, неврзан и необврзан кон ниту еден од туристите кои фотографираа, кон ниту еден од жителите на градот кои одеа некаде без брзање...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Одговараше на прашањата од читателите во весниците, даваше интервјуа, оставаше да го фотографираат во природни и во катедарски пози, стана познато име во пошироката а не само во стручната јавност, па му подаваа стол на која маса и да посакаше да приседне.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Реков, имам документација и за гробиштата. Ги имам фотографирано сите шест што не се потопени и имам опис на сите. А случајно имам фотографии и од некои од потопените.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се разбира, го фотографирала и местото што некогаш било населено со нивниот живот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Следната сцена што ми ја прераскажа пријателката која го фотографираше приемот, беше како двајца од службата за животно здравје, го одвеле Давид во лудачка кошула, под изговор дека „на кутриот, од неодамна душевно болен, почнале да му попуштаат конците на трпението”, а евидентен доказ за тоа била „запенетата уста која е единствен и непобитен доказ за беснило”.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Слободно фотографирајте! Дел од туристите ја напуштија групата незадоволни од водичот што им е доделен.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ја фотографирав нивната трошна, напуштена куќа, нивите преку каналот, дрвото во дворот, пасиштата, сокачињата во селото, бакалницата... потоа ги редев фотографиите (тогаш немаше дигитални апарати) како сложувалка за да го составам Сакулево, родното село на Борис Кривошеев.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Оттука, целосно е оправдан работничкиот сомнеж во искрените намери на бирократизираните синдикални раководства, кои облечени во свечени костуми и вратоврски милуваат, особено предизборно, да се фотографираат со владините функционери. 300
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ти, со капче на глава, на коешто пишуваше YALE и со апаратот во рацете трчаше од една страна на друга, мавташе со рацете, нѐ фотографираше, нас, Гаврил…, другите студенти.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Туристите влегуваат во лифтот, се качуваат на првата тераса, потоа на втората, џагорат, се смеат, фотографираат, снимаат филмови во боја.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Новинарите фотографираа, Томаица, Тамара и останатите асистенти позади бината беа под многу висок набој.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Па, кога како хор ќе дојдат да те соберат тебе и тоа „три кила месо со очи“, сите во нови алишта и чевли и со поворка до автомобилот, а сето снимено и фотографирано по принцип „секој со секого и секој со сите и со бебето“, протрчуваш до аптеката во болничкиот двор и пазаруваш протект апчиња за секоја евентуалија затоа што знаеш дека во следните шест недели никаде нема да одиш освен до креветчето и до јажето за пружање пелени, бенкици и „шведски“, а нему си му пожелна како првиот ден, и дека многу бргу, веднаш по првата недела, ќе те побара под ќебето.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се вртам кон следните гости и со наклон и рака испружена ги канам да повелат да се фотографираат со младите, а тие се редат во групи - дедо, баба, мајка, татко и деца.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Повеќе